Подготовки за претстава

/, Блесок бр. 25/Подготовки за претстава

Подготовки за претстава

Подготовки за претстава
Безветрина
Савана
Темните сеништа на Емили Дикинсон
Хајка
Просветлување
Бог меѓу нас
Тан нак ра

Ѕело лето, лета пета,
крева плева, дренка-пченка,
зелен желад, на земјата.

Веља жега, севда жешка,
ведро чело, едро бело,
врели недра, на чергата.

Течат стада, светла преѓа,
челад трча, ведра вејка,
прета певец, на тревата.

Прска жетва, едар берач,
пече врева,
река пека, безветрина.

АвторВесна Ацевска
2018-08-21T17:21:50+00:00 март 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 25|