Пепелашка во хромиран ковчег

/, Блесок бр. 97/Пепелашка во хромиран ковчег

Пепелашка во хромиран ковчег

Feedback
Нежно кршење на брчките околу усните
Бикини за бебе, блуз за капка роса
Сите најдобри песни зборуваат за копнеж и стакло и брзи автомобили и други кршливи нешта
Во излогот на евтини слатки
Бучава, шаренило, будење
Ескимо сретнува Албино
Меланхолија

Превод од српски: Игор Исаковски

Се вратив во градот
и ги најдов како стојат
помеѓу
галеријата и барот
вкочанети зјапаат во бетонот
и ја чекаат полноќта за да ги спуштат ролетните
на уште еден ден
се вратив и видов купишта
безживотно младо месо
на улиците и тротоарите
шугави исклештени
мачки
кои секому јадат од рака
и знаат да зборуваат единствено за себе
о, колку добро
го познавав градот
во кој сум роден
како го чувствував пулсирањето на безнадежноста
на секое зрно прашина
кое се раѓа и умира
на местото на кое и јас му припаѓам
сакав да исчезнам
со тупаница
да го скршам прозорецот
од клаустрофобичната подморница на свеста
и од рамениците да го симнам товарот на океанот
по чие дно трчам
сепак
со сигурен чекор
на одамна стекната навика
застанав покрај нив
го голтнав киселото картонче
и се придружив кон минутата молк
гледав во бетонот
и вовлекував димови од цигарата
градот стенкаше
под топотот на осаменоста
од небото паѓаа чевли
во сите облици и бои
и јас ги љубев оние
што најмногу ги сакам
црни шпицести со тенка штикла

АвторЗвонко Карановиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|