Парчиња

Парчиња

Беше тоа ден кога сонцето и дождот водеа љубов
Камен и ветер
Создавање на водата: Првите звуци
Создавање на водата: Нашето време
Создавање на водата: Зол ден
Јас и Tom Waits
Парчиња
Пивото одекнува низ спомените
Сам
Од сино кон црно

еве, веќе неколку години доаѓа
овде, како тој да живее тука
(а понекогаш ми се чини дека е вистина)
и раскажува за жените и обајцата голтаме
и пушиме, понекогаш витка џоинт
и тогаш мислите му се потполно неврзани и брзи.
„уморен сум од сите аплаузи“, вели, и знам
како му е, и молчешкум признаваме дека со нив е
полесно, доаѓаат како рамнотежа за Bluesот, како
облачно утро. што е подобро од сончево утро,
кога си мамурен. кога сме мамурни.
минува низ моите ракописи, никогаш
ништо не вели, личи на мене, проклето копиле,
но не можам да го избркам, многу пати се нашол овде,
многу пати кога сум бил речиси загубен, многу
загубен, и проклето свесен за сите загуби
што сум ги доживеал, и сите загуби што ме чекаат
на овој, на оној, и на сите светови што постојат.
„копиле, мрмори под носот, никогаш те нема да се пофалиш со нешто“,
и обајцата сипаме нови,
додека јас отчукувам Blues со стапалото.
станува тешко кога нема пиво, очите
натежнуваат, и нема што да се прави
па си ги покажуваме тетоважите.
ноќта е курва што е прескапа за нас.
и секогаш ја земаме.

2018-08-21T17:22:12+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 06|