се судри со стравот
кога се нурна во моите ракописи
и мојата вода ѝ се виде
предлабока
па здивот ѝ се пресече
трепереше однатре
како морето во неа да бегаше од моето море
и додека чекорите ја носеа
(каков предајнички звук!)
моите шуми оглувуваа
три ноќи ја барав низ сонот
три порои три поплави
три жени познав три усти ме гризеа
ја викнав за да останам
за водата да не истече
за ѕидовите да не закрепнат
па туѓи молњи да ми сноваат по собата
дождот ја одбројува
нашата средба