Парчиња

Парчиња

Беше тоа ден кога сонцето и дождот водеа љубов
Камен и ветер
Создавање на водата: Првите звуци
Создавање на водата: Нашето време
Создавање на водата: Зол ден
Јас и Tom Waits
Парчиња
Пивото одекнува низ спомените
Сам
Од сино кон црно

чудни звуци го исполнија просторот
кога ме сретна
и сите искри од светот
ги видов збрани
во нејзината душа

текила и слатка сол

го донесе разбирањето
во мојата бушава соба
и текот на мислите нè носеше
кон големото море

мугра и црвено вино

престанавме да ги дорекуваме речениците
и заборавивме
на другиот живот
зашто
разделени бевме како замелушени

капки вода по нашите насмеани лица

2018-08-21T17:22:12+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 06|