од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Време е да ги покажам картите.
Знам дека не сте знаеле
оти не сум Осојник туку маестро Зелена глава.
Во овој миг ја откривам тајната мудрост.
Вон забелешките и без зборови.
Човекот е езеро во кое се огледува месецот.
Ако ве скокотка во стомакот тоа е жив доказ дека сте Буда.
Дупката во синилото е еден од моите учители.
Вториот е девојчето од филмот „Тој филм нема да го гледаш“.
Третиот е жолтата крошна на оревот што сончевината
ја стеснува на квадратен метар зелен прозорец.
Инаку мило ми е што никој не ме измачува со глупави прашања
(ако не се сметам себеси).

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|