од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Ти се доближувам, ведар и полн луна,
јадам во коприви,
пијам зелена небиднина од дрвјата во градината,
одам по тебе
и мојата уста те воспева
меѓу џвакањето на земските залаци
(асфалтирани тротоари во градот,
седење по кафеани,
предавање во академијата на науките
или око на птицата).
Господинот Денес, побелен и млад,
го заклопува наливното перо, го затвора бележникот,
лежерно заминува во времето што го гони.

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|