Нема слободни места

/, Блесок бр. 84/Нема слободни места

Нема слободни места

Нема слободни места
Се снаоѓаме
Како што описот и објаснувањето се слеваат
§ (Камо)
§ (неговите фрагменти)
§ (која е поуката)
§ (да)

да
елегантно деликатната
реалност налага
солта и шеќерот
да се чуваат
одделно
за минатото да
изнуди дамки
а јас
се плашам
дека сегашноста
не е
статус-кво
за меморијата да
се објаснува, да се брише итн.
зашто заспав
во Берлин
и не
се разбудив
во Хонг Конг
да вкусам
дека стрелите на случајноста
ги прободуваат
силуетите
на моите очекувања
и ја украсуваат
совршено празната иднина

АвторРикардо Доменек
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|