Нема слободни места

/, Блесок бр. 84/Нема слободни места

Нема слободни места

Нема слободни места
Се снаоѓаме
Како што описот и објаснувањето се слеваат
§ (Камо)
§ (неговите фрагменти)
§ (која е поуката)
§ (да)

која е поуката
од варењето
можам да прашам
ако ме оставиш
да шетам низ шумата
во добрата ноќ
и ав! ав!
кон мене од креветот
зашто веруваме
во метеорологијата
киоскот за весници
шурува против
нашиот глад за изненадувања
те молам
не прашувај
дали смртта е нарушување
на постојаноста
или постојано
нарушување
на мојот сон
како факт а не приказна
за момчињата
што си легнале
и никогаш не се разбудиле
жарот го одржува огнот
а ние едноставно
не пловиме не
пловиме пази
да не ти падне
отровното јаболко душо

АвторРикардо Доменек
2018-08-21T17:20:54+00:00 јули 1st, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 84|