Муши, муши

Муши, муши

Музика
Љубов
Свет

Наеднаш. Ветрот
на вишновите вејки вибрира
мисла. Не – птица!

Птица во гребен.
Ветрот ја откорнува.
Кој ја отвора вратата?

Набрекнатост на атомите.
Излив на енергија. Ме врзува
експлозија.

Искрење на светлина.
Запис на ликот избледен
во огледалото.

Низ отвореното небо
ангелски повик
и тишина на снегот.

Не испарува горкиот
мирис на плодот.
Есента се троши.

Мрежа од сигнали.
Железото на пушката набива
страв во птиците летачки.

Кревки светови
во празнина заиграни.
Молњи во темнината.

Зборови испозаспани
во срцето на тишината.
Никаква трага!

АвторМилан Деклева
2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|