Молитва

Молитва

На овој мал и студен век
Еден човек
Звукот на душата
Пишување песна
Кон македонскиот творец
Послание до сараевскиот летописец Изет Сарајлиќ
Молитва

Саноќ го чекав снегот важен
Да почне да се пласти –
Да земе збор та нешто бело да каже
Да почне црнилата на денов да ги гаси!

И ене, наутро уште, почна да кваси,
Побеле светот, бело е сè или сè е бело
(Како во детските песни на Стојан Тарапуза).
Зимата земала право чистота да провозгласи.
Ќе се согласите – тоа е хумано дело!

Погледот ми се радува, раздетинето.
Силен е снегот – тој може светот да го спаси –
Почнува божествен миг да тече.
Врз сивотијата довчерашна покривка бела краси,
Мигот е совршен, верувајте,
Што ако е строго противречен?
Што ако мигов е кратковечен?
Имаме за него точен запис…

АвторГане Тодоровски
2018-08-21T17:21:56+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|