Мирно

cinema
мирно
Dub песна
прашањето на почетокот
Ајде

Препев од словенечки: Лидија Димковска

молскавична и ладна прошетка низ историјата,
низ тивката шума, крај отрпнатите срни
што се преправаат дека се смреки, моето држење притоа
е екстремно романтично. душата ми црцори кога се пржи.
познато ми е препотеното преплетување на телата,
дури и повеќе од тоа, го гледам како проекција на големо платно,
во дланките го кријам како непријатен и плашен спомен.
есента полека пцовисува во зимата. сè посам сум
и на некој начин сè поспокоен. божем постојано,
рамномерно и бесконечно да се тркала водата.

2018-08-21T17:21:09+00:00 октомври 11th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 61-62|