Лоши соништа

/, Блесок бр. 06/Лоши соништа

Лоши соништа

Лоши соништа
Недостиг од енергија
Космогонија
Смут
Хаос

Сè повеќе има жени со зелени очи.
Сè повеќе возови што не доаѓаат на време.
Сè повеќе луѓе што влегуваат со почит
во една голема сала каде што џелатот дреме.

Сè повеќе има тополи што се сушат.
Сè повеќе има градови од кои се заминува.
Сè повеќе заминати за кои не се слуша.
Сè повеќе провеви од кои се настинува.

Сè повеќе има луѓе што се плашат од сината боја.
Сè повеќе питачи што ве влечат за ракав.
Сè повеќе непознати кои на скалите стојат.
Сè повеќе оние што не прашуваат зошто е тоа така.

АвторВлада Урошевиќ
2018-08-21T17:22:12+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 06|