Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

/, Блесок бр. 17/Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Куќа во градината
Дупки во животот
Доктор за коњи


Ситно старче со силен мирис на пондила,
На кал и гумени чизми, на трупки и репки,
Се тетерави во дворот, збрчкан како новороденче,
И веднаш знае да ти каже што му фали на понито,
Само по минутка помината со него во шталата.
Ги гледа нештата низ нивните очи,
Му текнува во мигот, исто како и ним;
Стои на ливадата, гледа кои тревки ги пасат
На долниот крај од живата ограда.
Следи каде ги води нивната глад.

Може да открие мувлосан страк во сеното.
Вади коњски чешел со половина скршени запци,
Го зачешлува понито со него и го мириса
Со спуштена глава и подотворена уста на пес.
Го попрскува болното пони со течност од стар рог
И од сино шишенце со скоравена тапа.
Тоа му дозволува. Но потоа скока и клоца,
Пишти, сето претворено во заби, очи и клапнати уши.
Се смирува под неговата рака,
А нас не нè остава да се прибереме ни до него, ни зад него.

Кучињата го сакаат. Им носи полна торба со храна;
Но најмногу кога ќе го видат кај ковачот.
Им фрла полумесечини од копита,
Лупешки што сè уште горат и чадат,
што тропкаат по плочникот – кучињата здурнати по нив.
Бог знае што има во синото стаклено шишенце,
Но старчето си ја знае работата како што треба.
Со петицата ќе цапне во лепешка
И ќе ти ја каже нејзината приказна – и за времето ќе ти каже –
Како Ескимине со сите нивни имиња за снег,
Препознава најмалку дваесет различни вида лепешки.

АвторКатерина Пирпоинт
АвторБарт ФМ Дроог
АвторИштван Вереш
2020-06-22T10:48:02+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 17|