Жртвен јарец

/, Поезија/Жртвен јарец

Жртвен јарец

Жртвен јарец
Славејот пак меѓу нас
Крајот како нов почеток
Потсетник
Свидетел
Во потрага по генот
Орелот на прометеј
Остров на копно

Според Рене Жирар

Биди слободен – но сам за себе,
Бегај во дивина, преку граница
ако не сакаш да бидеш како нас,
или биди изопштен меѓу нас
и, се разбира, под надзор.

Подобро да страдаш за своите греови
(и на своите прет(ходни)ци) и подобро
признај си ги (благослови си го проклетството)
за да нè ослободиш од вината
за да не те натераме да ги повториш.

Ако не, изборот падна врз тебе, и онака
не по твоите заслуги, туку со коцка –
стига што го изусти недозволеното
што нашите подвизи ги прогласи за злостори
мртвородени дела.

Ако не, со тоа само ќе го насрчиш
народот да те исплука и нагрди
(како утре нас иако сега нè фали прекумерка)
а некои ретки можеби и да те следат како урнек
за да бидат и тие наши идни слатки жртви.

Иако мислиш дека ние сме ти
го убиле татко ти
(и сме спиеле – редум – со мајка ти)
тоа, всушност си го сторил самиот ти
смислено, а божем без да знаеш.

АвторБогомил Ѓузел
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|