Жељана Вуканац – Песни

/, Литература, Блесок бр. 126 - 127/Жељана Вуканац – Песни

Жељана Вуканац – Песни

Растење
Минливост
Песна за себе
Животот на змејот во црешовиот цвет
Создавање
Заминувања
Состанари
Есенско попладне


Создавање

со здивовите создаваш хармонија на сферите
ни ги допираат ѕвездите патиштата долги
со движењето на зборовите се одредуваат мерите
на издолжената среќа во одек на таги

ги гледаш ли формите што звуци чинат
оставајќи траги во туѓите дни
ги пееше талкањата што патиштата ги гинат
лебдејќи нечујно во тешките сни

патувајте насмевки, прозрачни и смели
со историјата што пред времето била;
повторно створена, секој од нас така вели!
ќе ја сокриеме старата во лавиринт на вила

ќе ги соголиме надежите на северната ѕвезда
без старите паради и книгите на срамот ездат

АвторЖељана Вуканац
ПреводЃоко Здравески
ПреводМилан Дамјаноски
2019-08-06T13:00:27+00:00 јули 31st, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 126 - 127|