Жељана Вуканац – Песни

/, Литература, Блесок бр. 126 - 127/Жељана Вуканац – Песни

Жељана Вуканац – Песни

Растење
Минливост
Песна за себе
Животот на змејот во црешовиот цвет
Создавање
Заминувања
Состанари
Есенско попладне


Животот на змејот во црешовиот цвет

се смееме во пламените вени громогласно
бестрашни сме
во радијаторите остануваат заробени нашите волнени непријатели
сурови сме
им ги слекуваме костумите
ставаме цветни маски
удираме во металното да одекнува во бранови
облаците ќе ги измијат нивните земни траги
со пепел ќе ги ослободиме своите патишта во стратосферата

сѐ што имаме може да го собере на толчник
на сите јазици празнината е празна
храна ни е ништината
додека не ги умилиме духовите
додека очите не се привикнат на туѓото светло
сечеме по рабовите мислејќи дека тоа помага

ќе дофрлат камен да го прими образот и ќе го наречат бакнеж
ќе зборуваат громогласно додека молкум декламираме со раце и нозе
ќе мавтаме свенати и погрешни ставајќи го глаголот на прво место наместо себе

може да барате сѐ од нас
самите создаваме мачнина
нема врска со туѓите лица
се потсетуваме
ние сме пламењата што ќе ја ослободат иднината

земјините јадра ќе горат во нас
се сетуваме
нека не нѐ носат куќните духови со себе
се сетуваме
да не помислат брановите дека сме нивни
нас огнот нѐ придвижува
се сетуваме
да се наречеме себе со имињата свои
се сетуваме
да не заборавиме како сме ги добиле

АвторЖељана Вуканац
ПреводЃоко Здравески
ПреводМилан Дамјаноски
2019-08-06T13:00:27+00:00 јули 31st, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 126 - 127|