Елегија за багремот под прозорецот

/, Блесок бр. 49/Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот, 1.
Елегија за багремот под прозорецот, 2.
Елегија за багремот под прозорецот, 3.
Молитва
Допир
Псалм
Трезор

Како сега ме замислуваш?

Дали за тебе сум
Тукушто развиорен песок
Разнесен од ветрот
Рамномерно на сите страни?

Или мојот лик
Ја задржал
Упорноста на своите црти,

Па сега во мислите
Ме гледаш како заспано
Сениште во каменолом?

Мислам дека разбираш
Што сакам да речам.

Драго ми е што си сега
Засолнат, на сигурно,
Далеку од сето она
Што е овде, однадвор.

АвторВоислав Карановиќ
2018-08-21T17:21:23+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|