Елегија за багремот под прозорецот

/, Блесок бр. 49/Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот, 1.
Елегија за багремот под прозорецот, 2.
Елегија за багремот под прозорецот, 3.
Молитва
Допир
Псалм
Трезор

Мојата глава е зрно грозје.
Растреперена завеса.
Клопче од жили.
Семки збиени во тенка мембрана.

Моето тело се топи како восок
На оган. Моите мисли се
Трошни како пајажина.

Ти, кој сè гледаш, не ме чуваше
Како зеница во своето око.
Ти, кој во сè спиеш,
Не ми дозволи една ноќ
Мирно да си починам.
Ти, кој во срцето го имаш секој закон,
Кој ги створи и рибата и птицата
И растреперените билки,
Зошто, Господи, лицето свое го сврте?
Зошто ми дозволи да те видам?
Оти добро ја знам судбината на оној
Што твоето лице ќе го види.

Ти кој владееш над сите,
И чија власт никој не ја оспорува.
Ти чии раце се шират в бескрај,
Зошто помеѓу палецот и показалецот,
Помеѓу небото и земјата,
Мојата глава ја стискаш?

Зошто, Боже?
Непроѕирен е и горчлив
Сокот од мојата глава.

АвторВоислав Карановиќ
2018-08-21T17:21:23+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|