Елегија за багремот под прозорецот

/, Блесок бр. 49/Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот, 1.
Елегија за багремот под прозорецот, 2.
Елегија за багремот под прозорецот, 3.
Молитва
Допир
Псалм
Трезор

Глетката се шири до работ на мојот поглед,
Потем одеднаш се спушта. Дождот се
Слева низ олукот. Вирот
Што никне во вдлабнатината на асфалтот
Ќе измами некого со отсјајот.
Тревата трепери, и земјата се ежи.
Гриждот престрашен се сепнува во својот
Тесен ходник.
Вртоглавицата се извива
Врз стаклениот страк.
Темницата е ровка како прав.
Светлината секогаш ме изненадува.
Врвовите на моите прсти расцутеле.
Кротко занишан
Светот надвор од мене постои.

АвторВоислав Карановиќ
2018-08-21T17:21:23+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|