Елегија за багремот под прозорецот

/, Блесок бр. 49/Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот, 1.
Елегија за багремот под прозорецот, 2.
Елегија за багремот под прозорецот, 3.
Молитва
Допир
Псалм
Трезор

Господи, дај ми сила мирно
Да го примам парчето страдание
Што ми е одредено;
Болката и во мојата
Душа што се вовлекува
Никогаш да не ја наречам натрапник
Ниту гостин.

Собата во која престојувам
Светла е, и отворена.

И дај ми сила да не се
Возгордеам, заради радоста,
Тие мигови на блаженство
Кога се споив со светот
Во љубовна
Прегратка.

Жилите на листот, болскотот
На површината од реката, мирисот
На расцутените липи, школката
Закопана в песок, облаците
Натрупани пред
Темната заднина на небото.

Сето ова е толку стварно,
Како да е во мене.

Слаб сум. Затоа зборувам.

АвторВоислав Карановиќ
2018-08-21T17:21:23+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|