Глоба

Глоба

Глоб(а)
Бунило
Скалила
Кутија
Зимски пупења
Сјајности
Бања
Месечинство
Љубов
Распад на рајот

го издигнав огледалото и го видов остарено.
темни дамки. деминутиви на големата вселенска
глад.
а ти
многу го љубиш млечниот пат. соблазниво питие
ти е, кога се простира, како расеан алхемиски
занес.

а блаженството
се усложнува како складот е
глад за склад помал

АвторВера Чејковска
2018-08-21T17:21:50+00:00 март 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 25|