Гледајќи те

Гледајќи те

Гледајќи те
Замислен разговор
Дали сум ти?
Известување за погреб
Велосипед
Реалност
Еден од три

далеку од моето познато детство
ова момче се обидува да ги поправи кочниците на велосипедот

морам да престанам да се обидувам да научам лекции

од неговите раце навикнати на железо и бакар
по улиците по кои висиме на лето

од долгите саати што ги работи
додека ние во овој век ја мразиме и самата работа

од неговите нељубопитни очи
кои ги гледаат нештата што ги спасивме од небото што се распаѓа

од темнината од која сака да се ослободи
како низок облак се влечка

гледајќи дека не знам како да сакам
морам да ги оставам и да одам

сите оние книги за работничката класа
што ги знам напамет, и да престанам да ги поистоветувам
невозвратените љубови со револуции

и морам да го оставам моето познато детство
на врвот на ридот заедно со велосипедот
чии кочници пукнаа

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|