Гледајќи те

Гледајќи те

Гледајќи те
Замислен разговор
Дали сум ти?
Известување за погреб
Велосипед
Реалност
Еден од три

прашуваш зошто –
можеби заради тие неколку бели влакна во твојата коса
како лузна
или кралски грб,
како страшни спомени или прекрасен совет,
тежок ден, бессоно изгрејсонце
сѐ што ти минува преку образот.

прашуваш зошто –
можеби зашто твоите горди прсти за миг стануваат игриви
не зборувам за некој магичен трик
туку за одделување на тесната блуза од кошулата…

прашуваш зошто – заради твојата вечно немирна коса
што го тутка секој лист на бајката;
зашто трагам токму по една усвоена принцеза,
една жаба што останува жаба откако ќе ја бакнат.
знаеш дека бајките се само за деца?
а јас веќе не сум дете.

и што друго? заради твоето црно фустанче,
насмевките што ги делиш како летоци
зашто и тој фустан и мачето што ти се трие од нозете ти прилегаат
– имаше ли воопшто маче? –
и зашто не знам
дали ќе се уплашам ноќе
од твоите усни како река
што тече во две спротивни насоки
или ќе се смотам
и како идиот ќе паднам на тебе

ќе ти кажам само еднаш
не прашувај ме повторно
срцето нежно ми отчука
збогум.

по англискиот превод на Сијан Мелангел Дафид

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|