Гледам низ очите на мајмунот

/, Литература, Блесок бр. 130 - 132/Гледам низ очите на мајмунот

Гледам низ очите на мајмунот

Трчаше по дождецот дури до паркот.
Скина еден голем лист и го кладе на глава.
Потоа ја соблече кошулата.
Па чевлите.
Застана крај езерото и се загледа во водата.
Ги закопа стапалата во црната кал, се заниша на ветрот.

Нема, немало, не ќе има.
Облаци и уште повеќе облаци.
Чудна пајка му клука меѓу прстите, раката му се стори молња,
ја вчопи и ја стегна. Потоа со обете раце.
Ѝ го свитка вратот
како што правеа на тајните забави
меѓу кокошарниците во кибуцот.
Пајката побегна, трчаше цели пет метри
без глава
и потоа се ничкоса веднаш
до водата.

Лицето на водата експлодира во сино.
Стоеше исправен како олук
и долго мочаше.
Без кошула.

АвторАмир Ор
2020-08-14T21:18:52+00:00 август 5th, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 130 - 132|