Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Ти карпата за карпа
си готов
да ја сметаш, неуко момче,
меѓу подножја Лазаре ситен.
А крилото е можеби грешка

па сме уверливо можни, вклештени
помеѓу еха, од нечиток препис ред.
Не ќе сме достатни за да се помести
ова, иглички иње, над поредокот

огнени Хималаи. Наѕираш равенка,
број, и за миг сме толку блиску,
шуми над извор маслина, и пастир,

првото име е тука, за месење
грутка кал. Ти бега зрно грашок,
повторно ли ќе отвораш лов?

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|