Во една сува пештерска бездна
горе во планините
неодамна е најден скелет на човек
кога некогаш, којзнае кога,
или го залагало таму бестрашно љубопитство
или го турнала паника од смртна закана.
Немало начин за излез.
Во камениот монолит над него
е исклепан лик на средовечен човек
(сигурно дело на неговата рака),
кога неговите современици бездруго би го познале.
Не е пронајдено ништо
што би личело на алат.
Наспроти си,
во мигот на својата сурова сосредоточеност,
тој дошол до единствената замисла што преостанува –
ѝ се приклонил на дарбата за овековечување.
Се открил себеси во трајна состојба,
во убав занес, без грчови на лицето.
И мир му тече од коските.
Алилуја!