Враќање на поразениот

/, Блесок бр. 23/Враќање на поразениот

Враќање на поразениот

Човекон од огледалото
Розите на прстите на Аксја
Татко ми Одисеј
Враќање на поразениот
Средба со змија
Испраќање на јагулите
Близу до смртта близу до животот

Додека седевме
чекајќи јагулите да заминат
ѕвездите бдееја високо
секоја кон својот мрак
свртена.

Се разминуваа меѓу себе далечините
како птици исплашени
од разбудените темнини.

Не знам каде ќе запрат јагулите
во која вода ќе истече
нивното минато
но тие ја знаат патеката
на својот сон
ја имаат упорноста што ќе им го
покаже патот на враќањето.

А ти имаш глас
што ќе ги опточи далечните брегови
за да се врати оплоден
во едно друго време.
Нека биде видлив барем онолку
колку и сребрената патека на полжавот
што на свежата дланка на утрото
кревко но упорно светка.

АвторСрбо Ивановски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|