Враќање на поразениот

/, Блесок бр. 23/Враќање на поразениот

Враќање на поразениот

Човекон од огледалото
Розите на прстите на Аксја
Татко ми Одисеј
Враќање на поразениот
Средба со змија
Испраќање на јагулите
Близу до смртта близу до животот

Тоа е Човекон од последното огледало
Кој влегува пред да ја отвори вратата
а потоа збунето стои во бистрината на воздухот
Бара ѕид на кој ќе го запише своето време
од кое пред малку излезе
Потоа ќе го запре часовникот
над огништето ќе ја преземе судбината на пепелта
И ќе го посвои сето свое изгорено минато
Затоа и ги бара шарките на вратата
Сака да ја отвори

13 јуни 96

АвторСрбо Ивановски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|