Превод од англиски: Магдалена Хорват
Нашата велосипедска музика
е тропот и клопот под летни дрвја.
Твоето колено турка, турка
една темна тежина
врз тежината на зелениот велосипед.
Моето рамо е до твоето,
твоето до моето,
па не знаеме кој се навалува
додека велосипедот скокнува
дупка, се лизга по бразда
и кученцето лае од зад неговата капија
и муви под дрвјата ни прават крошна-две.
Добар ден!
Повторно сме студенти
дури се тркаламе низ градските улици
ти на седиштето а јас на прачката:
и твојот здив ми е во косата
засекогаш, засекогаш.