ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

/, Литература, Блесок бр. 119/ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

Калта е од земја и вода
Игла и конец
Убавината ќе го спаси светот
Писмо
Недвижнина
Троножец


ПИСМО

Во ова време на електронска пошта
јас ти напишав писмо. Го најдов
пред некој ден, сум го напишал
и сум го заборавил. Писмото никогаш
не е пратено, а сепак сум очекувал
одговор. Во време кога и јас и сите
проверуваме само електронска пошта,
пред некое време, сум напишал писмо.
Не е проштална порака на самоубиец,
ни дневнички запис, не е ни љубовно писмо.
Разговор е со судбината, со самиот себе,
порака до промислата, до иднината,
нејасно е, пренатрупано и за друг
човек, неразбирливо. За важните
работи не умеам да пишувам убаво.
Веќе и заборавив што пишуваше внатре.
Го стуткав, но не го фрлив, пак
го одвиткав и го ставив некаде, за
да ме изненади некој иден ден, кога
ќе претурам по фиоките и полиците.
Можеби тогаш ќе најдам дека желбите
за спокој, радост и смисла изразени таму
се веќе остварени, или дека со време
станале беспредметни. Се сеќавам на
ракописот, не и на зборовите. Буквите
се читливи и издолжени. Има расположенија
кога се отфрлаат стари работи, и спротивни
кога ми е жал да ги фрлам. Се трупаат
во подрумите, таваните и во потсвеста.
Таму се преиспитува минатото.    Јас сум роден 1967, левиот колк
ми е произведен 2012, наместен 2013.
Средовечен човек сум, а тој е уште дете.

АвторТихомир Јанчовски
ПреводТихомир Јанчовски
ПреводДијана Комленац
2018-09-25T09:23:50+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|Tags: |