ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

/, Литература, Блесок бр. 119/ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

Калта е од земја и вода
Игла и конец
Убавината ќе го спаси светот
Писмо
Недвижнина
Троножец


УБАВИНАТА ЌЕ ГО СПАСИ СВЕТОТ

Денот беше по ништо посебен, обичен дождлив ден
не знаев дека вечерта ќе се плашам да заспијам
оти понекогаш, насоне умирам
а сум умирал во свои и во туѓи сонови
и немаше да ми е првпат.

Има ли секој човек своја смрт, една и единствена,
како што секој си има свој живот?
Или таа е една и иста за сите,
и нè зема еден по еден, кога ќе ни дојде редот?

Не знам, ама едно е сигурно,
кога ќе дознаам, веќе ќе биде доцна
и не ќе можам никому да кажам.
Никому од живите.

Сакам да ме фати за рака и да ме пренесе на другата страна
безболно и без мака, да се случи просто така…
да ме снема од овој свет, од оваа лага, од оваа врева
која сè потешко ја поднесувам. Слаб човек сум,
никој и ништо. Ама не се давам. Додека срцево чука
ќе туркам. Камен ли, што ли, ќе туркам.
Некаде мора да стигнам.
И јас, и секој.

АвторТихомир Јанчовски
ПреводТихомир Јанчовски
ПреводДијана Комленац
2018-09-25T09:23:50+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|Tags: |