Механиката на поленот

/, Литература, Блесок бр. 125/Механиката на поленот

Механиката на поленот

СЛЕПА ПАТНИЧКА
СОБАРКАТА ШТО ДИПЛОМИРАШЕ НА ТОМАС ХОБС
МАНЕКЕН СО РАК
ПОСЕТИТЕЛКА НА ДУЌАНИ СО ИЗНАЈМЕНА СТОКА
ФРИЗЕРКАТА ШТО СЕ УДАВИ
РАБОТНИЧКАТА СО ИСТРОШЕНИ КОЛЕНА
МАРАТОНКА
БЕСКУЌНИКОТ ПРЕД ПРОЗОРЕЦОТ НА РЕСТОРАНОТ
ЖЕНАТА ШТО ПРВПАТ ЛЕТА
ПРОСЈАКОТ ШТО НАЛИКУВА НА ЦРН МАЧОР


ПРОСЈАКОТ ШТО НАЛИКУВА НА ЦРН МАЧОР

Секој збор што ѝ го упатив
го направи градот малку поголем и поопасен

Жената со куфер пред киоскот
во кој има мртви кокошки под ајварот
погледна во мракот помеѓу телото и хотелот
и фаровите ѝ ги направија очите
очи на затечена ѕверка,
од кои нешто студено и тврдо
брзо бучно падна на дланка:

ќе ми бидат ли доволни две парички?

Ја сакам рамнодушноста на луѓето,
зашто сакам кога вистината е близу

Во киоскот на готвачот му недостасува месо
па отсекува од својот стомак и фрла на скара,
а паричникот во нејзините раце одеднаш се
отвора кон мене,
црн од заштедена крв како срцето
што месарот му го подметнува на старецот,

ама не сум ни слеп ни заборавен:
тоа што го нарекувам живот често е
само начин да преживееме

АвторМартина Видаиќ
ПреводЃоко Здравески
2019-06-14T20:21:58+00:00 мај 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 125|