Извадок од романот „Горчлив мед“

/, Литература, Блесок бр. 51/Извадок од романот „Горчлив мед“

Извадок од романот „Горчлив мед“

Ми се чинеше како сето тоа да го да посматрам однадвор кога се лизнавме на подот и се најдовме на тепихот помеѓу масичката и шкафот со телевизорот. Ја гледав таа жена, Клер, како легнува на грб и полека ги шири нозете под неговото запалено, но нежно тело и тогаш првпат и дозволив на можноста дека можеби нема ништо да излезе, дека тоа сега може навистина ќе се случи. Сакав да се случи. Мораше да се случи. Да не мораше сигурно ќе излезеше нешто непредвидено. Но, ништо.
Џејсон продре во жената што лежеше на подот, стенкаше и ги ги затвораше очите. Потоа почна полека од длабочината да испушта некакви тивки воздишки.
Некое време молчејќи, само со тивки обострани стенкања се обработувавме на подот. Убаво беше. Сега знаев дека сексот со Џејсон е убав, убав и нежен, иако се гледаше дека од возбуда секој миг ќе го разнесе. После некое време кога ми се причини дека можеби веќе и свршил, а освен тоа тврдиот под веќе почна и да ме гребе по грбот, благо го оттурнав за да ја смени положбата. Веднаш сфати. Се тргна од мене и седна.
Имаш ли кондом, реков. Тоа беше чудно. Кога го слушнав сопствениот глас сфатив дека тоа сум јас. Паметната, претпазливата Клер. Секако, Џејсон веднаш имаше кондоми в рака. Очигледно биле подготвени, чекаа во фиоката до телевизорот. Сигурно таму не ги чувал за Хелен. Некако не можев сосема да си замислам дека сексаат во дневната соба додека е малата Маири… каде? Во детската соба ли гледа сликовници? Кога си го стави кондомот го турнав нежно да легне на грб, потоа се изјазив на него. Седнав врз него, го повлеков во себе. Доброволно.
Повторно почнавме да мрдаме, се триев од него се сета своја тежина, додека тој ме грабаше за колковите и за градите јас притискав врз него, во меѓуножјето го чувствував врвот на неговата срамна коска, и можеби само за миг помислив дали до крв да му ја растргнам тртката врз рапавиот тепих, но брзо ја избркав мислата. Ако има нешто против сам ќе ми каже. Се триев од неговите колкови што мрдаа, го пофаќав неговиот гол мев без ниту едно влакно, кружев со рака по него и по неговите гради и притискав врз него за да го осетам што подлабоко, навистина да го почувствувам она што го правам сè дури тој наеднаш не застенка. Ох, не, не. Да. Џејсон, да.
Се лизнав од него и легнав на тепихот. Џејсон беше задишан, малку зацрвенет во лицето, а очите му беа влажни. Само лежеше на грб и зјапаше во воздухот. Легнав на страна, подалеку од него и го слушав дождот. Беше тоа еден од оние дождови што се чини како да ќе паѓаат вечно.
Ова беше божествено, рече Џејсон. Подобро одошто воопшто сум се надевал дека ќе биде. Не реков ништо. Зад плеќите можев да насетам дека нешто се случува, дека мрда, можеше да се чуе некаков звук како нешто да плесна, како да го извади кондомот и прави нешто со него, го става во нешто, го става на страна. Уште некое време не чувствував ништо, потоа наеднаш легна покрај мене и ме прегрна околу рамо. Тоа беше убаво од него. Беше топол, а гола на тепихот почна да ми студи. Иако бев од неочекуваниот прекин на сексот сè уште напната, се чувствував мошне пријатно.
Не знам колку долго лежевме така, за малку ќе задремев, но ме разбуди чувството дека подот е тврд, освен тоа почнав да станувам свесна за нечистотијата, за правот што ми ја допираше кожата. Па, лежев гола врз тепихот, боже мој. Сакав малку да се кренам, да се налактам, можеби нешто да речам кога почувствував дека повторно започнува. Едноставно се чувствуваше во воздухот.
Џејсон наеднаш пак ме галеше. Убаво чувство беше тоа. Беше топол, мек, од позади ме топлеше како некакво големо, пријатно топло суштество што ќе ме чува од сè лошо што би можело да ме снајде. Уште некое време мислев на правот и на ситните нечистотии што ги чувствував под себе врз голата кожа, на тоа како сепак би било подобро да одиме во спална, но мислата ја избркав веднаш штом се појави. Креветот на Хелен и неговиот, тоа сепак би било премногу. Освен тоа чувствував како присутноста на тоа пријатно, мило суштество навистина ме чува пред сè, па и пред нечистотијата ако треба. Ме галеше по градите и со прстите благо ми ги стискаше брадавиците. Малку ме здоболе, но не премногу, не насилно, знаеше дека тоа ми е убаво, па го направи тоа за да ми биде убаво. На задникот кајшто ми се залепи неговиот жежок, влажен пенис нешто почна да мрда. Малку се потргна, така што кога се оддалечи, на кожата почувствував ладна влажност на местото кајшто пред малку ме допираше неговата мека, топла кожа. Почувствував дека повторно му станува тврд. Под неговите нежни, љубопитни раце и јас станував сè повозбудена.
Најпосле кога повторно почувствував дека ќе ме разнесе, како да ќе се надувам под неговите прсти како некаква жаба што со своето крекање сака да ги надгласи ноќта и ѕвездите и кога бев близу до грчот во кој би се измолкнала од него и би се свиткала сама во себе, со нежно движење ме положи на мев и се изјази врз мене. Го кренав задникот за да му го олеснам пристапот; не смееше да се изгуби ни минутка. Продре во мене на начин што морав да вреснам.
Не знам колку траеше, нозете ми беа раширени и го кревав задникот за да можам што подобро да ги почувствувам допирите на неговото тело, неговите јајца на мојата влажност, ми се чинеше дека целата соба, не, туку целиот свет па и ти во него – како тоа со тебе, ти овде воопшто не влегуваше во сликата, – дека ќе се ограничи на ова движење, на тоа чувство на нешто живо во мојот стомак, на нешто диво што се трга и извива. Потоа повторно ненадејно, сосема неочекувано, сосема несоодветно и сосема прерано застенка и се издиши како наеднаш да се сетил на нешто страшно тажно, на нешто што му го пара срцето и едноставно не може повеќе да продолжи. Се лизна врз мене и се стисна до моите плеќи.
Сè заедно почна да ми се чини некако глупаво.
Ова беше за богови, рече со зарипнат глас по некое време, кога полека се тргна од мене и се испружи на тепихот, лежејќи на грб, сè уште малку задишан и топол. Неколку секунди лежеше така со затворени очи додека јас полека, претпазливо се вртев на грб. Колената на кои се потпирав цело време ми беа црвени и ме болеа. Исто и лактите. Борбени рани. И што имам да покажам за тоа? Главата ми беше сосема празна. Џејсон по некое време ги отвори очите и полека зјапаше во мене. Ме гледаше многу мило. Како ти се чинеше тебе? праша.
Ги кренав рамената. Што да одговори човек на такво прашање?
Добро, реков. Па, на крајот на краиштата, и не беше лошо. Добар беше. Многу нежен и груб колку што треба. Навистина за цело време на сексот оддаваше впечаток дека не му е сеедно што чувствувам. Се трудеше и мене да ми е добро. Но што ако, кога кусо му трае. Само некако кратко, додадов.
Не сврши? целиот се вдаде. Ги кренав рамената. Наеднаш лежеше на страна, свртен кон мене. Ја свртев главата и го погледнав во очи. Ја почувствував неговата рака што преку стомакот ми достигна до меѓуножјето. Сакав да се потргнам, да протестирам, да речам дека не треба, но нешто ме запре. Се чувствував малку глупаво, но му бев благодарна. Им се препуштив на движењето на неговите прсти. Бев сосема опуштена. Траеше неколку минути, во кои главно мижев и ги подголтнував, некаде во длабочината на стомакот, електричните дразби што ми доаѓаа од меѓуножјето. Се чувствував во сигурни раце. Ништо лошо нема да се случи. Сè е како што треба. Ништо не требаше да речам кога свршував, цело време гледаше во моето лице и кога целата се напнав и ја отворив устата што од неа излезе одвај чуен глас, можеби некако сосема неразвиен и неартикулиран зародиш на зборот „фала“ неговите прсти сосема се смирија и опуштено легнаа врз моето меѓуножје како топол, заштитен оклоп, нежен и вечен.

АвторАндреј Е. Скубиц
2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 51|