Одење на прошетка

/, Литература, Блесок бр. 117/Одење на прошетка

Одење на прошетка

Одење на прошетка


Но, ручекот кај А. го извлекува и тој запловува со кренати едра. Погледнете го сега – животот и душата на забавата. Сигурно никогаш повеќе, по горчливата лекција утрово, нема да отиде на прошетка. Еден час подоцна, го гледам како чекори со нов придружник. Го гледам како се оддалечува. Знам што зборува. Вели дека сум малку здодевен придружник за прошетка. Наскоро ќе додаде дека сум еден од најздодевните луѓе со кои излегол да прошета. Потоа ќе се посвети на читање на ознаките.

Како се случува ова молскавично влошување кај оние кои одат да шетаат заради самото шетање? Претпоставувам, не се мислечките способности оние кои го поттикнале човека на ваков потфат. Очигледно, го поттикнува нешто во него што ја надминува рационалноста; веројатно, неговата душа. Да, сигрно душата е таа која му издава наредба „Марш надвор!“ на телото. – „Стој! На место слободно!“ се вмешува умот и „на која дестинација,“ љубезно ја прашува душата, „и на која задача го испраќате телото?“ – „Не го испаќам на никаква задача,“ одговара душата, „и на никаква дестинација. Типично за тебе е секогаш да бараш некаквиси задни намери. Телото оди надвор поради фактот што тоа е сигурен знак на благородност, морална доблест и цврст карактер.“ – „Добро тогаш, нека ти биде! Ама јас,“ вели умот, „веднаш да ти кажам дека одбивам да учествувам во таква глупост. Ќе одам да поспијам додека тоа да заврши.“ Потоа умот си се повлекува и паѓа во бессона дремка од која ништо не може да го разбуди сè додека телото не се најде повторно безбедно во домашни услови.

Дури и ако одите на некои конкретно место, за некоја конкретна причина, умот повеќе би сакал да земете превозно средство; но сепак ќе го прифати вашето излегување; ќе ве служи доста добро освен ако не отидете на прошетка. Додека нозете се мачат да се движат, нема да навлезе во некое длабоко размислување, дури ни во обично размислување; ама доброволно ќе направи неколку мали мисловни операции – доколку, притоа, и вашите нозе се покажат корисни, а не само да ве носат наваму-натаму за да ја задоволите гордоста на душата. Ваков каков што е, есејов го напишав во текот на утринската проштека. Не сум јас еден од оние екстремисти кои мора секаде да отидат со превозно средствно. Не вложувам особени напори за да избегнам вежбање. Го прифаќам кога ќе се појави можност, и тоа без да правам проблем. Тоа што невротиците не престануваат да зборат за вежбањето и што претеруваат со него, не е причина да го презирам. Всушност, мислам дека кога е умерено, може да биде и добро за физичката состојба на луѓето. Но, додека очекувам да дојде моментот кога никој нема да сака да одам да го видам, и јас нема да сакам да одам да видам некого, и нема да имам што да правам во својата соба, никогаш нема да отидам на прошетка.

АвторМакс Бирбом
ПреводКалина Малеска
2018-09-25T12:57:37+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 117|