Зошто се гради поетска слика или за опредметувањето на песните Црвената количка од Вилијам Карлос Вилијамс и Анегдота за теглата од Валас Стивенс

/, Литература, Блесок бр. 116/Зошто се гради поетска слика или за опредметувањето на песните Црвената количка од Вилијам Карлос Вилијамс и Анегдота за теглата од Валас Стивенс

Зошто се гради поетска слика или за опредметувањето на песните Црвената количка од Вилијам Карлос Вилијамс и Анегдота за теглата од Валас Стивенс

Зошто се гради поетска слика или за опредметувањето на песните Црвената количка од Вилијам Карлос Вилијамс и Анегдота за теглата од Валас Стивенс


Структуралната тензија му дава на секој збор негов простор и фокус…. „толку многу зависи“, во оваа песна, на раздвојувањето на двете зборовни сложенки „wheelbarrow“ и „rainwater“. Овие секцирања нè успоруваат, и му помагаат на умственото око да забележи повеќе: посебните тркала како и телото на количката, водата која е повеќе од дождовница.
Важни за нивните просторни нагласувања се предлозите. „На/врз“ и „(по)крај“ се два мали збора кои песната ги увеличува многу. Нивните навестувања отпловуваат подалеку од фразите што ги содржат. Апстрактното „толку многу“ зависи од објектите, но дождовницата исто така (за)виси физички на количката, а ефектот на застакленост зависи од дождовницата. Идејата за количката „(по)крај“ кокошките е комплексна: количката е стационарна (нема знак дека некој ја турка) додека кокошките веројатно се движат наоколу. Ако не се посебно наместени, нивниот естетски ефект е чиста среќна случајност. Ефектот е доловен сепак од текот на постоењето.6F

Песната започнува со тврдењето дека нешто, кое за нас како читатели е сè уште непознато, но ветува дека ќе ни се открие до крајот на песната, „толку многу зависи од“ или „толку многу стои/лежи на/врз“ предметите кои како што стиховите се редат се менуваат во нашата ментална слика од поголеми, самостојни предмети во помали, составни елементи кои на крајот од песната се самите елементи од една уште поголема слика предмет. Така што „зависното нешто“ од почетокот на песната може да се препознае како самата глетка која ги содржи сите меѓусебно зависни елементи кои ја даваат глетката онаква каква што е и која е всушност ништо друго освен самата песна. Но, и земено стих по стих, т.е. слика по слика, количката е таква каква што е, специфичен тип на количка токму поради тоа едно тркало. Понатаму таа се одвојува по својот изглед од сите останати идентично произведени градинарски колички, бидејќи нејзината црвена боја е позабележлива, акцентирана со сјајот од дождот кој не е каков било дожд, туку дожд кој е временски дефиниран како веќе паднат и претворен во просторно статичен предмет во форма на вода која е специфицирана, како последица на претходно прикажаното, како дождовница. Белата боја е конкретизирана како боја на кокошките кои стојат до црвената количка со што се создава кореспондирачки контраст каде спротивностите заемно се засилуваат во својата различност на бело со црвено и живо со неживо.

Во Анегдота за теглата („Anecdote of the Jar“) на Стивенс, интересно е што улогата на човечкиот субјект кој носи значење и ја структурира објективната околина ја презема човечки изработен продукт, односно нежив предмет. Во случајов немаме, како кај Вилијамс, „мешавина“7F од различни и на прв поглед неспоиви предмети, туку фокус на едно нешто кое го предизвикува и го разрешува поетскиот сликовен парадокс. Теглата е простор замрзнат во времето, минливост осудена на кружно траење што значи дека теглата не е обичен потрошлив предмет, туку естетски артефакт кој го содржи „времето и безвременото“, „времето потрошено и времето искупено“, односно човечкото, егзистенцијално, линеарно време и уметничкото, артифициелно, кружно време (Krieger, 1992: 222).

АвторАлександра Јурукоска
2018-10-30T11:17:36+00:00 октомври 21st, 2017|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 116|