Естетиката во постпандемиско време

/, Литература, Блесок бр. 136/Естетиката во постпандемиско време

Естетиката во постпандемиско време

Во својата критика на неолибералната структура, Ноам Чомски вели дека ништо не се презема оти „нема профит во превенирањето на некоја идна катастрофа“. Во време на глобална криза предизвикана од пандемија, би можела да ја изострам оваа теза со прашањето: „Има ли профит во креирањето катастрофа?“ Го поставувам ова прашање во услови на брза замена на глобалистичкиот модел на светот со неокорпорациски нов поредок.

Како да се носиме со ограничувањето на уставните и демократските права во време на пандемија и како да ги препознаеме скриените политички „апетити“ за зголемување на државно-политичката репресија и контрола врз популацијата? Дали во постпандемискиот свет ќе се развие некоја нова етика и естетика на ангажирање? И што е поважно: Дали ангажираната литература денес е ангажирана на истиот начин, кои се жанровите и формите; која е публиката и опфатот на таквото пишување? Какво е денес влијанието на таквото интелектуално и, во поширока смисла, уметничко ангажирање на луѓето?

Неодамна, на еден виртуелен фестивал на литературата, водителот на панелот ми постави прашање: Можеме ли да си ја дозволиме уметноста?

Беше потребно време за луѓето – задолжени робови на предаторскиот корпоративизам – да стасаат до таа точка кога го губат правото да мислат критички. Глобалната здравствена криза беше само активаторот кој покажа дека за месец и половина од пандемијата, богатите можат да станат уште побогати, дека всушност можат да станат „перверзно богати“, како што вели Берни Сандерс. За овие луѓе, за оваа монетарна елита од 0,1% од човештвото – не постои интерес да инвестираат во свесноста на должниците. На должниците, кои немаат право на критичко мислење, не им треба образование, особено не уметничко образование. Тие не смеат да умеат да сметаат без калкулатор, токму како што Мартин Борман си замислуваше во неговата визија за човечкото општество за untermensh класата. Денес задолжените робови на неолиберализмот мора да се убедат дека уметноста не им е потребна оти е премногу скапа за да мислат критички.

Ние сме робови на вештачки создадени потреби од кои некој прави многу пари. Но: Можеме ли денес сè уште да си ја дозволиме уметноста?

Еволуциски, мора да можеме да си ја дозволиме уметноста оти таа нè учи како да пронајдеме креативни решенија за проблемите.

На пример, поттикнат од експлозијата на популацијата по Втората светска војна, Џон Б. Калхун одлучи да провери што нè чека ако популацијата продолжи да расте. Тој направи рај за стаорци наречен „Универзум 25“.

– Глодачите почнале природно да изумираат. Единственото нешто што успеало на кусо време да ја спречи трагедијата на стаорците било да им се задаваат креативни задачи на интелигентните глодачи. Ова ја покажува потребата за уметност во времето на Големиот брат и вештачки создадените потреби за убави спакувани производи кои во суштина го уништуваат нашето здравје …

Дури ни прашањето за човековите права повеќе не е прашање за кое може да се дебатира. Денеска – среде таа таканаречена „култура на откажување“ – нештата делуваат апсурдно: непосакуваните и негативните општествени феномени, луѓе и теми не се анализираат туку, едноставно – со помош на принципот на блокирање на друштвените мрежи – проблемите се „избришани“.

„Писмо за правдата и отворената дебата“ потпишано летово од стотици интелектуалци, меѓу кои и Чомски и Маргарет Атвуд, предупредува на нетолеранцијата кон спротивните гледишта, трендот за јавно понижување и исклучување, како и за тенденцијата да се дискутира за сложени политички прашања од позиција на морална безбедност.

Културата на откажување еволуираше од незрелоста на луѓето, од безумниот нарцизам поттикнат од друштвените мрежи каде „непожелниот феномен“ се третира како „злобна индивидуа“. Опасната наивност на површниот, млак активизам што доминира денеска – будалесто имплицира дека постои лесно решение за секој проблем. Исто како што злобниот поединец може да биде отпишам од медиумот, така и непосакуваната тема се блокира.

Според мене, најжално од сè е што неодамнешните обиди за јавна непослушност ширум светот се незрели и бесплодни напори на кои им недостасува вистинска визија и цел.

Некои скорешни примери кои јас ги нарекувам безумна пародија на револуцијата – не сакајќи му служат на „Златното теле“ на неокорпоративизмот. Од намерното поттикнување на ниските страсти на толпата во движењето Црните животи се важни, до моронското организирање протести против маските ширум Европа – сето ова совршено се поклопува со сценската режија на кризата.

Event 201 – пандемиска вежба одржана еден месец пред да избувне ковид-19 – беше мултимедијален настан спроведен на Универзитетот Хопкинс во соработка со Светскиот економски форум и Фондацијата Гејтс. Симулации постоеле и претходно, но експертите беа додале едно ново ниво на реализам со тоа што, овој пат, ја вклучија не само владата и НВО туку и приватниот сектор и корпоративни претставници. Учествуваа и претставници од Ен-би-си Јуниверзал или гиганти од фармацевтската и козметичката индустрија како Џонсон и Џонсон.

Во 2019 година проект менаџерот на Event 201 рече – да цитирам – „Многу малку луѓе го вклучија приватниот сектор во подготвеноста за пандемија, но тоа е секторот каде што се лоцирани најмногу од ресурсите“, а ова особено важи кога станува збор за развојот на вакцини.

АвторСибила Петлевски
2021-04-03T19:11:29+00:00 март 31st, 2021|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 136|