Ноќта е најтемна пред разденување

/, Блесок бр. 69/Ноќта е најтемна пред разденување

Ноќта е најтемна пред разденување

Букурешт 5 ½
Мило сонце
Залегнат врз стихови
Омарнина над планинска вода
Смислата на една ноќ
Добро
TV Screen & Jim Beam на г-дин Коала, по приказната на Снежана Букал
Како да напишеш песна
Нежна песна

Букурешт во пет –
моите нови чевли
се кај вратата.

Букурешт, пет и пол
галеби ослободени од тежина
сонце кое срамежливо се соблекува

Букурешт, натрупан и прекрасен
бесрамно шарен, со намирисан бетон

Букурешт, седум и пол
последните леи пред првиот лет вечерва
точам ирско и од торбата.
резервите ни се при крај:
треба да смислиме чесно повлекување

Букурешт, доцна попладне
ме испраќа со невреме –
сношти седев на една тераса
и ги гледав галебите
како го осветлуваат небото:
бели ленти ослободени од смисла

сега имам повеќе ирско од вода
и ни ебана банка
треба да смислиме достоинствено отстапување

Букурешт доцна попладне
ме шета низ лавиринтите на Елијаде
премногу книжевност во еден ден

полека се повлекувам
ја напуштам сцената со благ наклон –
уште еден град во кој ќе се вратам

Букурешт во самрак
Букурешт во јуни
Букурешт во длабоки деколтеа
Букурешт со мали цврсти гради
Букурешт со лососи во ветрот гонети од бели галеби

22.06.2009 19:35,
Букурешт

2018-08-21T17:21:03+00:00 декември 21st, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 69|