Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

/, Звук, Блесок бр. 106/Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Црната коса на љубовта
Марија Магдалена
Задоволштина
Темно како најдлабокото море

За време на церемонијата на Британските награди во 1994 година се случи една важна работа. Една од оние што во моментот на случувањето станувале празник. Поли Џин Харви ја делеше бината со Бјорк. Ја изведоа соголената верзија на химната на Ролнгстонсите, внесувајќи во неа сексуалност на едно сосема ново ниво. Тоа беше Satisfaction каква што порано не можела да се слушне.
И тука престанувам да се прашувам за бесмислата на своето постоење, настојувања и тежнеења. Им се предавам на Поли и на Бјорк. Слушајќи ги во деведесет и четвртата година, остварен сум. Нема војни, поткршени ноќи на растењето, нема ни потреба за невозможното.
Ја одбирам таквата деведесет и четврта. А онаа за која мислам дека сум ја преживеал, не се случила. Тоа беше поприлично вистинита ноќна мора. Бјорк и Пи Џеј, вам ви се предавам. Одбирам вие да ми ја креирате стварноста. Ајде заедно да слушаме емисии за џез, на радио BBC4. Сето мое и вас двете!
Satisfaction

2018-08-21T17:20:38+00:00 март 30th, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 106|