Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

/, Звук, Блесок бр. 106/Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Црната коса на љубовта
Марија Магдалена
Задоволштина
Темно како најдлабокото море

Поли Џин Харви многу лесно го спојува рокенролот и телесноста во нешто сосема неразделиво, нешто што своите корени ги има во блузот кој таа го сакала како девојче, а тој за возврат никогаш не ја напуштил. И тоа се гледа, се слуша, се чувствува. Во нејзините движења сѐ се испреплетува во комбинација која заслужува ореол.
Беше одамна која една Французинка ми ги откри филмовите кои ги режирал Хал Хартли (Hal Hartley). Првиот кој го гледав беше Simple Men. Шест години и четири филма подоцна, Хал го сними The Book of Life. Беше крајот на деведесеттите, сосема згодно време за филм за крајот на светот. Во него Пи Џеј Харви е Марија Магдалена, а Исус го глуми омилениот глумец на Хартли, Мартин Донован. Него го засакав уште од Simple Men. Инаку, Мартин имаше одлично режисерско деби пред неколку години со филмот Collaborator. За жал, без Поли Џин.
The Book of Life е снимен како еден од филмовите за циклусот со кој се слави влезот во новиот милениум. Исус и Марија Магдалена стигаат во модерниот Њујорк да ги израмнат сметките со Земјата и уште еднаш да го решат прашањето на апокалипсата. Во самото финале се појавува Yo La Tengo како оркестар на Армијата на спасот, а понекој ќе го спомене и придонесот на William S. Burroughs. Освен одличната глума, Пи Џеј на филмот му подарува и две песни.
The Faster I Breathe

2018-08-21T17:20:38+00:00 март 30th, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 106|