Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

/, Звук, Блесок бр. 106/Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

Црната коса на љубовта
Марија Магдалена
Задоволштина
Темно како најдлабокото море

Поли Џин Харви (Polly Jean Harvey) е мојот блуз, мојата зима среде лето и пролетта во тоа исто лето. Поли Џин се трансформира кога ќе посака, секогаш под кожата, на усната, под јазикот. Најрадо само би ги наброил нејзините песни и нивните верзии, па да исчезнам нем во мракот. Што и да кажам, знам дека нема да биде доволно.
Не жалам што некои сеќавања се матни. Од некои сеќавања останува само песната. Предизвикувачки фустани и движења на телата. Над градот во кој живеам често прелетуваат хеликоптери во низок лет. Понекогаш ми се чини дека можам да ги погодам со камен. Ама прстите само ќе ја допрат земјата и ќе ја помилуваат. И ќе се сетам на песната. Пи Џеј Харви и Том Јорк (Thom Yorke).
Што е поголемо, да ја напишеш The Mess We’re In или да го инспирирап Кејв за Boatman’s Call? Како и секогаш, зависи од која агол ќе решиме да ги гледаме нештата, оти се работи за многу болка. Знам! Најголемата работа е Oh My Lover и фаталното предавање на она што мислиме дека е љубов. На крај, љубовта е и токму таква каква што ќе ја смислиме.
Oh my lover (Peel)

2018-08-21T17:20:38+00:00 март 30th, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 106|