ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

/, Звук, Блесок бр. 107/ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

СОНУВАЧИ ВО ЧЕКАЛНИЦАТА
ВОЗЕЊЕ
СТРАСТ И ЉУБОМОРА
ЉУБОВ?
ДУЕТ СМИСЛЕН НА НЕБЕСАТА

We Are the Dreamers
, дуетот со Џени Бет од пост панк рок бендот Savages, можеби е неочекувана, но дефинитивно е убиствена комбинација. Тркалањето на звуцте на електричната гитара и двата навидум неспоиви вокали се она што нѐ држи во чекалницата на новиот албум, без да помислиме на заминување. Оваа песна ја чувствувам исто онака како што ја слушав музиката која првпат се заљубив. Небитно е во што или во кого. Нејзиниот звук ме тера да зјапам во празното небо и да ги чекам ѕвездите.

Да се разбереме, и во Тиндерстикс се сомневав, и тие самите понекогаш придонесуваа за она за што кажував, да помислам дека музиката и јас сме завршиле. Како и секој од нас, и тие имаа свои кризи и разидувања. Се распаѓаа, престануваа со свирката, пак се собираа… Нови луѓе доаѓаа во бендот, некои од старите заминуваа по свој пат. Токму како што се случува и во животот. Треба да се снајдеш. Треба да се се откажеш, да останеш на нозе. Што им може животот на сонувачите како нас.

Second Chance Man

2018-08-21T17:20:37+00:00 мај 31st, 2016|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 107|