Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

/, Звук, Блесок бр. 101-102/Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

Марк Сендмен: Морфејот на мојата ноќ

Лек за сѐ
Две жици од сонот
На друга страна
Она што не го гледаме

Од тагата не вреди да се бега. Како ни од соочувањето. Само така доаѓа подобро, само така исчезнува болката. Се отвораат морфиумски премини низ мракот. Треба да се знае да се чека и да се гледа. Треба да се знае да се слуша. Музиката е света. Музиката е тој таен премин од неподносливоста до синото небо кое ќе ни покаже дека постои и поинакво.
Размислувам за дождот и за она што го кажа. Размислувам за Сендмен. Каков начин да се замине од сцената. Инфаркт на половина песна, без страдање, без размислување и планирање. Во еден момент си на сцената на античкиот град Палестрина, во Италија, целиот свој живот си ги истурил пред туѓинци, за до ноќта да им ја дадеш и својата смрт. Каков вистински начин да се замине, би се насмевнал Џо Страмер.
Додека свири Суперсекс, ти откажуваат колената и паѓаш на грб, ни тогаш не одвојувајќи се од својата бас гитара. Queens of The Stone Age https://youtu.be/oTienxSk0Pc те испраќаат на небо со своите рифови. Тешко да можело да биде посоодветно.

Supersex:

2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 101-102|