Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

/, Звук, Блесок бр. 103-104/Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

Успори ги сликите
Додај бои
Заборави ги клучевите
Вклучи го радиото

Веќе не сум сигурен кому повеќе би сакал да му напишам писмо… тебе или на Кет Пауер. Тебе која одамна не ја познавам? Како воопшто би можел нејзе да ѝ пишувам? На некогашната нејзе која тешко можам да ја поврзам со сегашната. Ама така и треба, сегашниот јас низ магла се сеќава на некогашниот јас.
Како тоа воопшто би изгледало?
Како песните кои одамна ги напишав, а не се сеќавам ни како. Како филџан неопходно кафе кој сме го испиле, а не се сеќаваме на тоа… Ти ме натера да ја сакам Кет Пауер, јас тебе ти ја открив, Чен Маршал против својата волја нѐ врзува. Чен станува синџир. Како да не ѝ е доволно од самата себеси, од своето мртво минато и од сѐ што не е нејзина песна, што не е гитарата Силверстрон која ја купила кога имала шеснаесет и која две години стоела во аголот на нејзината соба пред да ја земе в раце и самата да се научи да свири.
Ти, Чен и јас одамна не сме во состојба да објасниме што било. Патуваме со албумот на Кејв No More Shall We Part. Тоа сигурно значи нешто, тоа се знаци на неменливото минато. Вие двете го живеевте Њујорк, Њујорк – понекогаш ми се чини дека никогаш повеќе нема да заспијам. А потоа сѐ го губи имањето смисла и го покрива тенката мембрана на спокојот. Њујорк, Њујорк – сепак ќе се обидам да ѝ напишам писмо.

https://youtu.be/XG11cFRoEso

2018-08-21T17:20:39+00:00 декември 21st, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 103-104|