ИНТЕРВЈУ: Кокан Димушевски

/, Блесок бр. 119/ИНТЕРВЈУ: Кокан Димушевски

ИНТЕРВЈУ: Кокан Димушевски

Сакам кога сум во несигурни длабоки води


БЛЕСОК: А каква ќе биде натамошната приказна на оваа твоја „Приватна музика“? По концертот во Музеј на град Скопје ќе има ли уште неколку изведби во земјава? Има ли можеби некакви шанси таа да допре и до интернационалната публика?

ДИМУШЕВСКИ: Следната станица беше Центарот за култура во Кавадарци, а во јули со Кировски патуваме на Малта. Нѐ поканија да настапиме во нивната филхармониска сала во Ла Валета. Материјалот кога е веќе снимен лесно можеш да им го испратиш на сите свои познаници и пријатели по светот. Ги започнавме и преговорите за настап во Коларчев универзитет во Белград, потем и за Ниш … Едно повлекува друго. Но, значајно е тоа што нема да биде тоа херметички материјал. Оној што го изведовме, а публиката го слушна и виде во Скопје. Тој концепт ќе се надградува. Некои композиции веројатно ќе отпаднат, други ќе започнат да живеат… Не сакам на секој концерт да биде исто. Мојата тенденција е секогаш да има нови парчиња, да се допишат некои нови моменти, да биде секогаш интересно. За оние на кои ќе им свириме секогаш ќе биде ново, но ново треба да биде и за нас како музичари. Да биде возбудливо. Ако свириш еден ист концерт пет-шест пати, да ја повторуваш истата матрица, на крајот станува како да одиш на работа во банка. На шалтер. Стануваш службеник и само прашуваш колкав ќе биде хонорарот. Сакам во мојата работа да има возбуда. Да има нешто што и ние самите како изведувачи не го знаеме. Да имаме непознаници пред себе. Да имаме прашалници. На самиот концерт да имаме трема еден од друг.

– По „експлозијата“ со ЛЕБ И СОЛ, првите албуми, наградите и признанијата, ти беше и првиот „непослушник“. Оној музичар што во моментите на голема слава си замина од групата и се реши да биде главен лик во сопствениот филм.

ДИМУШЕВСКИ: ЛЕБ И СОЛ е само еден сегмент од мојот живот. Еден убав, голем и значаен сегмент од мојата кариера. Но, тоа е само дел од мене. Јас отсекогаш сум работел на театарски музики, на експериментални музики, на електронски музики… и кога активно работеше ЛЕБ И СОЛ. Само што бендот е енергетски огромен и луѓето го насочуваат своето внимание кон него. Не гледаат кој од неговите членови прави нешто во меѓувреме. Јас барем, не се будев и не легнував со ЛЕБ И СОЛ. Тоа ми беше само еден сегмент од денот. Ако денот трае 24 часа, ЛЕБ И СОЛ мене ми беше само четири часа. Во останатото време работев нешто свое кое немаше апсолутно никаква допирна точка со звукот, со стилот, со аранжирањето, со свирењето во групата. Тогаш напишав музика за многу филмови, многу театарски претстави… добив и награда на ЈРТ за радиофонско дело во 1987 ако не се лажам…Во прашање беше трка со 22, а не со два милиони народ. Тоа не можеше да се избори со славата на бендот. Дури и сега колегиве композитори на современа музика ме викаат „рокер“, „џезер“… а јас сум поголем класичар, сериозен или современ композитор од нив. Ама кога еднаш ќе те видат на бина со коса, со опавче… за нив останува сликата таква. Тоа е тоа.

АвторЉупчо Јолевски
ФотографијаТатјана Ранташа
2018-09-20T12:42:19+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Звук, Блесок бр. 119|Tags: |