Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

/, Галерија, Блесок бр. 28/Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

колаж и монтажа

#15 Фрагментарноста го следи принципот на конструкција на делови од деконструираната целина или на делови од деконструирани целини преку постапката на монтажа, колаж, калемење на цитати од различно текстуално потекло и сл. Сите конститутивни делови на целината се во рамноправна положба. Тоа им обезбедува да функционираат како самостојни целини, делови што можат да се читаат и вон целината. „Светло сиво“ ја следи формата на омнибус, односно на триптихон, составен е од три различни целини, потпишан од тројца различни автори, а секоја приказна е своја засебна целина. Документарните и жанровските обрасци во „Маклабас“ се колажираат произволно, и покрај тоа што следат навидум цврста наративна линија. Во „Збогум на 20 век“, трите тематски парчиња #14 се поврзани меѓу себе со различна мотивираност, додека делот со Дедо Мраз му претходи на делот на Кузман во фабулативна смисла, а доаѓа отпосле во сижејна, следејќи циклична логика на времето. Тогаш црно-белиот инсерт за првиот инцест на Балканот му доаѓа како сосема независен колаж, и стилски и тематски, и филмски различен од другите. Причината за посегањето по овие техники е тезата дека уметничкото дело не може директно да ги изнесува чувствата или да го прикаже светот, туку посредно, низ колажно-монтажно посредување на постојните и историски примери, изразува чувства или го прикажува светот. Елементите на филмскиот јазик немаат значење и смисла по себе, туку нив ги стекнуваат со колажно-монтажно преместување и сместување во текст или слика.

2018-08-21T17:21:47+00:00 октомври 1st, 2002|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 28|