Нови станари на старите адреси и … обратно

/, Галерија, Блесок бр. 60/Нови станари на старите адреси и … обратно

Нови станари на старите адреси и … обратно

#1 Некогаш (порано), уметниците минуваа низ фазите на своето творештво речиси како да се небески тела коишто ја следат својата судбина на промени. Денес, пак, наместо еднонасочното движење по разновидните теми, ликовни изрази и знаковни системи, творечкиот интерес мигрира од еден медиум во друг.
#2 За скулпторот Станко Павлески (1959, Ерековци, Прилеп), просторот на Мала Галерија е попатна адреса на овие миграции, а изложените објекти се новиот живот на неговите сеќавања и сведоштва за минливиот творечки миг. Местото за средба со јавноста е всушност една лажна адреса, една двосмислена игра со зборови.
#3 Темите на Павлески се во тек на постојана пре-изградба – во секое соочување со другиот. Тековниот објаснувачки контекст на авторот е темата на недоразбирањата помеѓу кревкото дело и општествените очекувања. Тоа ќе рече, сè додека ликовите и настаните од неговата драма на страсти не заминат на некое друго место.

2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 60|