Верување во фотографијата

/, Галерија, Блесок бр. 136/Верување во фотографијата

Верување во фотографијата

Марјан Стојковски е роден во Скопје, последните две децении живее и работи во Мелбурн, Австралија. Студирал визуелна уметност, а подоцна и уметничка фотографија во Ројал Мелбурн Институт оф Технолоџи во класата на професорот Лес Воклинг. Имал повеќе самостојни и учествувал во групни изложби во државата Викторија и во Македонија. Неговите дела изобилуваат со динамика и немир растопени со мерка на меланхоличност. Во праксата на уметничкото изразување кое се протега низ широк опсег на медиуми е поттикната од секодневието низ кое сите ние патуваме.  Следните предизвици се во доменот на уметничката терапија, инспирирани од луѓе со попреченост со кои работи повеќе години, некои веке  резултирале во долготрајни колаборации. Ова е мал избор од фотографскиот коментар со кој Марјан Стојковски се преставува во ова издание на Блесок.

2021-04-03T19:09:29+00:00 март 31st, 2021|Categories: Изложба, Галерија, Блесок бр. 136|