ДЕНЕС

Годишна награда за млад ликовен уметник

#1 Центарот за современи уметности во 2002/2003, во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, ја воведува годишната награда за најдобар млад ликовен уметник во Република Македонија до 35 години.
Моделот на наградата е веќе користен во Чешка каде е насловен како Jindrich Chalupecky Award и Oskar Cepan Award во Словачка. Обете награди се здобија со значајно признание во своите земји.
Одборот за наградата (Соња Абаџиева – виш кустос во МСУ, Јован Шумковски – уметник, професор по сликарство на ФЛУ, Ибрахим Беди – уметник, професор по скулптура на ФЛУ, Емил Алексиев – директор на МСУ и Мелентие Пандиловски – директор на ЦСУ) одлучи наградата да биде насловена ДЕНЕС по еминентната македонска ликовна група од шеесеттите години.
#2 Центарот за современи уметности е одговорен за подготовките и организацијата на сите домашни настани, додека за стипендијата во САД е одговорна Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.
Овој проект се базира врз недостатокот на такви можности за младите уметници во Македонија, непостоењето на сличен тип на награди, професионалниот интерес кој е пројавен од страна на МСУ и ФЛУ, како и потребата да се прикаже современата македонска уметност на пошироката публика во државата и странство.
#3 Веруваме дека иницирањето на оваа награда ќе создаде структура на компетитивност како и продлабочување на дискусиите помеѓу институциите и младите уметници. Би требало да истакнеме дека наградата ќе овозможи да се прикаже креативноста на младите уметници кон поширок круг на публика, создавање на нови можности за уметниците кои учествуваат, со вклучувањето на ликовните институции и професионалци во отворен и непристрасен годишен процес на размислување и одлучување за наградата, што би требало да резултира со нови модели на оперирање во културниот и институционалниот живот.

#4 Наградата ќе се доделува годишно. Процесот на доделувањето на наградата се состои од неколку фази:

– Селекција на 4 наградени уметници
– Групна изложба на 4-те наградени уметници во МСУ
– Стипендија за престој во САД за првонаградениот
– 3 стипендии за престој во западноевропските земји за другите наградени уметници
– Самостојна изложба на првонаградениот уметник по враќањето од САД

Начинот на селекцијата беше поделен во две фази:

– Номинации на уметници за наградата, од страна на реномирани критичари на уметноста од Македонија и
– Конечна селекција на наградените уметници, од страна на Одборот за наградата, по разгледувањето на номинациите на критичарите на уметноста.

#5 По разгледувањето на номинациите Одборот ги селектираше следните уметници за четирите награди: Славица Јанешлиева, Ирена Паскали, Ана Стојковиќ и Андреј Митевски.
Одборот исто така одлучи да ги покани наградените млади ликовни уметници рамноправно да учествуваат на изложбата во Музејот на современата уметност.
На отворањето на изложбата ќе биде објавен добитникот на првата награда која се состои од стипендија која ги покрива трошоците за пат и престој во Хеадландс центарот за уметност, во Сан Франциско, САД, и во Меѓународната куќа, асоцирана со Универзитетот во Колумбија, Њујорк.

Проектот е финансиски помогнат од Фондација Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, САД.

АвторМелентие Пандиловски
2018-08-21T17:21:43+00:00 јуни 1st, 2003|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 32|