Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

/, Галерија, Блесок бр. 60/Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

ДЕНЕС 2008
Тунел – Ана Ивановска
Пирамидите во h=0 – Славчо Спировски
Западен Балкан (весник за еден измислен регион) – Тихомир Топузовски
Чанти на смеата и заборавот (Истражување на нови грид* системи) – Неда Фирфова

#16 Центарот за современи уметности во 2002/2003, во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, ја воведе годишната награда за најдобар млад ликовен уметник во Република Македонија до 35 години.

Наградата се доделува годишно. Процесот на доделувањето на наградата се состои од неколку фази:
– Селекција на 4 номинирани уметници,
– Групна изложба на 4-те номинирани уметници,
– Стипендија за престој во САД за авторот /авторката на награденото дело.

Начинот на селекцијата е поделен во две фази:
– Номинации на уметници за наградата, од страна на реномирани критичари на уметноста од Македонија и
– Конечна селекција на номинираните уметници, од страна на Одборот за наградата, по разгледувањето на номинациите на критичарите на уметноста.

Првонаградениот добива стипендија од шест неделен престој во International studio во Њујорк.

#17 Центарот за современи уметности е одговорен за подготовките и организацијата на сите домашни настани, додека за стипендијата во САД е одговорна Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.

Проектот е финансиски поддржан од
• Фондација за граѓанско општество – Њу Јорк
• Град Скопје
• Фондација Институт отворено општество – Македонија
• Центар за современи уметности – Скопје

Жирито во состав Дејан Буѓевац, Катерина Богоева, Христина Ивановска, Борис Петровски и Јане Чаловски, одлучи наградата ДЕНЕС за 2008 година да ѝ ја додели на Ана Ивановска, за делото Тунел.

АвторДЕНЕС 2008
2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 60|